komercijalna

atlantis

nikob

sparkase

sponzori uni

sponzori ewn

 

Промена на правилникот за организација на Струмичкиот карневал

 

Почитувани карневалисти,

Со цел да го унапреди Струмичкиот карневал, Одборот за организација на Струмичкиот карневал донесе одлука да изврши одредени измени во Правилникот за организација на Струмичкиот карневал. Тие измени пред се ќе се однесуваат на промена на категориите на карневалските маски, висината на наградите и начинот на избор на најдобрите маски, но и на други сегменти во организацијата на карневалот ако за тоа се јават квалитетни сугестии.

Со цел да го понудиме најдоброто можно решение бараме од вас како директни учесници на карневалот да ни испратите свои предлози кои ќе помогнат за квалитетни измени во Правилникот за организација на Струмичкиот карневал.

Вашите предлози во писмена форма испратете ги надоцна до 01.12.2015 година на е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Со почит,

Одбор за организација на 

Струмичкиот карневал

Претседател,   Александар Цицимов

Одлука за измени на Правилникот

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, на седницата одржана на 17.12.2015 година, донесе:

 

О   Д   Л   У   К А

За измени и дополнувања во Правилникот за организација на Струмичкиот карневал по категории и тоа: да се поделат по три награди прва, втора и трета (како и досега) во износ од:

-Категорија А (групна маска над 50 лица) 1000 евра; 900евра и 800 евра;

-Категорија Б (групна маска од 30-50лица) 600евра; 500евра и 400евра;

-Категорија В (групна маска од 20-30лица) 500евра; 400евра и 300евра;

-Категорија Г(групна маска од 10-20лица) 400евра; 300евра и 200евра;

-Категорија Д (групна маска од 5-10лица) 150евра; 100евра и 75евра;

-Категорија Ѓ(поединечна маска од 1-5лица) 100евра; 75евра и 50евра;

Вкупниот награден фонд да изнесува: 6.850 Евра во нето износ, односно околу 419.220 во денарска противвредност.

Организациониот Одбор да додели: една награда во износ од 9.000 денари на конкурс за карикатура и една награда за најдобра фотографија од 6.000 денари.

Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

 

 

                                                                                                            Струмички Карневал

                                                                                                           Организационен одбор

                                                                                                                     Претседател

                                                                                                               Александар Цицимов 

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77

akzentmedia

fleks kredit