komercijalna

atlantis

nikob

sparkase

sponzori uni

sponzori ewn

 

Гостување на „Риечки карневал“ Риека 2019

0 02 05 48bd2271463e42529afb88312faa701819caf6b3991594d182f16e5697e69373 2a887400

На 3-ти март 2019 година струмичките карневалски групи "Кико-Стил", СОУ "Димитар Влахов" и Газели, со маските:" Челичниот еднорог", "Разиграни кактуси" и "Тримерски порцелански кукли", настапија на интернациналната карневалска парада  на 38-от Риечки карневал како 43  од вкупно 106 карневалски маски. Секоја од нив поединечно имаше фантастичен настап пред пробирливата риечка публика  која им возврати со силни аплаузи.
На покана од членовите на Македонското културно друштво "Илинден" во Риека кое е дел од заедницата на македонците во Р.Хрватска , струмичките карневалисти остварија кратка посета во просториите на друштвото. Притоа имаа прилика да ја видат изложбата на фотографии од  струмичкиот карневал од претходни изданија отворена пред една недела. Нашите карневалисти беа горди на тој чин и на самата иложба   особено на тоа што нивниот труд и посветеност на Струмичкиот карневал афирмативно се прикажува во Риека како еден од најкарневалските градови во Хрватска и Европа, а и што нашите во Риека го избрале токму него за да се прикажат во најдобро светло во градењето на взаемните културни вредности.

 

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77

akzentmedia

fleks kredit