| Карневалот во Струмица е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Републиката , кој отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски , како по времето на одржување така и по својата цел и функција . Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови , односно на почетокот на големиот Велигденски пост , а и самото име к а р н е в а л , од римското c a r n e – месо и v a l i – збогум , односно збогум месо ни асоцира на почеток на пост , а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. Почетокот на постот односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда , а во нивни рамки односно во вторникот вечерта е традиционалната карневалска вечер , кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерските денови , треба да се направи реска дистинкција , односно треба да напоменеме дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат , но не и суштински , бидејки по својата суштина тримерите се еден христијански обичај , додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време . | ||||
Kарневалот
во Струмица е доста долга традиција и него го спомнува патеписецот Евлија
Челебија уште во 1670 година . Тој минувајќи низ Струмица запишал : ...Дојдов
во еден град , расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ
маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа , низ смеа писок и песна... што
јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености
во Струмица . |
||||
|
||||
|
||||
| Тука
се и музичките реквизити , односно музичките инструменти , гитарата , армониката
, дајрето , кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки
ги носи , на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба
и расположение . Во денешно време карневалот ја добива и својата трета димензија , односно една посовремена , модерна димензија , со некои влијаниа со слични карневали во светот, а преку својот организиран па и награден карактер , добива една друга посовремена конотација , меѓутоа тардиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останува . Преку шаренилото од бои , фигури и маски со различни мотиви и теми, се настојува да се покаже вечна борба односно дуализам и антагонизам меѓу доброто и злото , реализмот и сарказмот , иронијата , сатирата и традицијата , полтронството и кариеризмот , власта и безвластието и сето тоа проследено со една голема живост и динамика карактеристична на струмичани , кои се исто познати и како големи љубовџии , а во целата таа церемонија подеднакво учествуваат , односно се вклучени сите структури , социјална , старосна и полова структура на учесниците . Маските се по избор на самите учесници . Секој учесник си избира своја тема и, идеја за маскирање , додека кај групните тоа е заедничка идеја на целата група.Маските ги изработуваат самите учесници и многу ретко се појавуваат готови фабрички маски . Спремањето односно изработката започнува многу порано, обично 2-3 месеци , па и повеќе пред самиот карневал . Од видовите на маски најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски . Во овие денови целиот град живее со и за карневалот . Тоа е голем настан во кој се вклучени повеќе стотици маскирани луѓе по улиците на градот , како и неколку илјади посетители од Струмица а во последно време и од другите градови во Републиката , па и од странство , кои ја гледаат оваа многу атрактивна и прекрасна традиција Така бројот на учесниците во карневалот , како и посетителите од година во година почна енормно да се зголемува . |
||||
|
||||
|
||||
| Како
што споменавм порано , времето на одржување на карневалот е во рамките на
тримерските денови , односно на почетокот на големиот Велигденски пост . Тримерите по своето првобитно значење и форма се еден мошне стар христијански обичај , кој води потекло од многу одамна т.е од почетокот на христијанската вера . Самото име потекнува од грчките зборови tris meres во превод – три дена и е со значење тридневен пост . Тие се сместени во првата недела од Велигденскиот пост , наречена првопосна или Тодорова недела и претставуваат една построга односно најстара форма на постење , бидејки за овие три дена додека е пости , оние што почнале да постат не смеат ништо ниту да јадат ниту да пијат . Тримерите се всушност , почеток на големиот Велигденски пост , кој трае седум , односно со таканаречената сирна недела осум седмици . Тие почнуваат од Поклади односно Прочка , која секогаш паѓа в недела и траат до среда , што значи дека го менуваат датумот во зависност од тоа кога паѓа Велигден , но остануваат истите денови понеделник , вторник и среда .Најчесто овие пости ги постеле верените , армасаните девојки и девојки пред мажење или немажените девојки , момите. Обично по повеќе девојки се собирале да постат заедно во куќата на армасаната . Најчесто тоа биле другарки на таа верена девојка или девојки поканети од машката страна , кои тука заедно спијат и престојуваат додека трае постот. Останатите членови од фамилијата или гости кои доаѓаат во куќата каде што тие престојуваат строго избегнувале пред тримерџиките да пијат вода или да јадат , па дури и да зборуваат за јадење и пиење , бидејки го сметале тоа за голем грев .Исто така било грев некоја која почнала да пости да се откаже и почне да си апнува како што вели народот . Обичај било некоја девојка која ќе започне да тримерува , да тримерува три до пет години по ред . Тие што ги издржале тримерите одат в среда рано изутрина во црква за да примат од попот ајазмо односно крстена вода од Водици и нафора .По земањето на ајазмото тие веќе можеле да пијат и да јадат секакви јадења , но пак посни и тој ден тие се поштедени од секаква работа. На армасаните девојки кои го издржале постот , свакрвите како еден вид понуда , награда за тој голем успех им донесувале синии со разни посни јадења , обичај кој знаеме и ден денес се одржува .Денес веќе овој тримерски пост многу ретко се пости . Тримерите ја изгубиле својата првобитна односно изворна форма и значење, но тие како обичај во Струмица се уште се одржуваат и егзистираат со сите церемонии кои го придружуваат тој обичај . Целиот тој тримерски церемонијал или уште како што уште се нарекува празник на армасаните се одвива во куќата на невестата , во среда и тој ден го прославуваат исклучиво жени , кои одат на ручек кај верената . Гостите што ги кани свакрвата одат групно , односно се собираат прво кај свакрвата и од тука сите одат на ручек кај снаата . Секој што оди на ручек носи и подарок на невестата . На ручекот обично се собираат педесетина жени, но некаде таа бојка може да биде 150 па дури и 200 жени, бидејки од порано само свекрвата носела гости , додека денес и мајката на верената носи свои гости . Ручекот е некаде по 12 часот и за таа пригода се готват специјално посни јадења и тоа , сарма од кисела зелка без месо со ореви , посен бел грав , варена пченка со ореви , а како десерт се служи зерде (сутлијаш без млеко со вода ), бела алва , овошје , локум и компот или ошав од црни сливи и суво грозје , додека наместо леб се кршат и се служат погачи , односно чуреци , месени со квас од наут т.н наутлии погачи кои што ги меси момата . За пиење се служи исклучиво боза која ја носи свакрвата , обично во ѓумови. Ручекот поминува во доста весело расположение , и бидејќи тука се собрани само жени, се прават разни безобразни муабети и се пеат разни песни со еротска содржина . .........................................................................Илија Сувариев-етнолог |