Организатор на Струмичкиот
карневал е Одборот за организација на Струмичкиот карневал кој е орган
на Советот на општина Струмица, и се избира од Советот со мандат од четири
години. Покровител на карневалот е Градоначалникот на општина Струмица.
Техничката организација е помогната и од културните институции. На
карневалот може да земат учество и равноправно да учествуваат за наградите
сите оние кои навреме ќе достават пријава и ќе имаат квалитетна маска.
- На учесниците надвор од Струмица Одборот за организација им обезбедува
еден оброк.
- Пријавување за карневалот е во Завод и Музеј Струмица секој ден од 10
-13 ч.
од 01.02.2012 до 17.02.2012 или на оваа веб
страна.
- Информации на тел. 075/288 664, 075/298 166
-е-маил адреса alexmkd@t-home.mk
- Учество на помлади лица од 12 години само во организирана форма преку
училиштата или во група со возрасни кои ќе гарантираат за безбедноста
на учесниците и квалитетот на маската.
- Маските да не се повисоки од 3,5 метри,а возилата подолги од 12 метри.
- Организациониот одбор апелира до учесниците да се придржуваат кон рокот
за пријавување, за да може доставените текстови за идејата на маската
да се средат и навреме достават до водителите.Пријавените надвор од дадениот
рок за пријавување нема да бидат отценувани во званична конкуренција.
- Организационот одбор го заджува правото фотографиите и видео снимките
од карневалот да ги користи за пропагандни цели во корист на Струмичкиот
карневал.
- Жирито ќе биде лоцирано на плоштадот ,,Гоце Делчев,, на ВИП трибините
- Максимално време за презентација 3 минути
- Жирито го има правото да додели дополнителни награда
- Жирито го има правото да ги пренамени постоечките награди во зависност
од конкуренцијата и квалитетот во утврдените категории
- Немаскираните музички групи нема да бидат отценувани од жирито
- Резултатите на жири комисијата ќе се објават на прес конференција во
понеделник, 27.02.2012 година во 12 часот во Домот на културата како и
на оваа веб страна.
-Одлуките на жирито се конечни и не се коментираат
Информација за новинари:
За акредитација на новинари на Струмичкиот Карневал 2012 , обратете се
кај лицето Верица Узунова на 076/483 106 |