Линк за онланјн гласање
Почитувани,
Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Ве известува дека и оваа година ќе има онлајн гласње.
Граѓаните ќе имаат можност да го дадат својот глас само за 1 (една) маска од категорија преку интернет онлајн гласање на
линкот: www.strumickikarnevalglasaj.mk или со скенирање на QR кодот. Гласањето ќе биде достапно на 25-ти февруари 2023
година во периодот од 18,30 до 24,00 часот.
Карневалските групи со најмногу гласови во категоријата ќе добијат диплома за најмногу освоено гласови од публиката.
Дипломите ќе бидат доделени на 28.02.2023 година (вторник) во 19,00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица.