komercijalna

evn

atlantis

nikob

sparkasse

Градоначалникот на Струмица го предаде клучот од општината на карневалџиите

klucn

За прв пат годинава, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски го предаде клучот на портите од општината на струмичките карневалџии, кои во наредните осум дена, додека траат карневалските празнување, „ќе управуваат“ со општина Струмица.

Симболично, не дека навистина ќе владеат со општината, таков бил обичајот во поголем број карневалски градови, па организаторите ја воведоа оваа новина за да на овој начин и официјално градоначалникот на Струмица го отвори Струмичкиот карневал.

Со надеж дека ќе имаме уште едно успешно издание на карневалските свечености, и со уверување дека Струмица повторно ќе ги отвори своите порти за добредојде на гостите од Македонија, Балканот, Европа и светот, со задоволство сакам да го предадам клучот на градот на струмичките карневалџии, кои во наредните осум дена ќе ја водат Струмица во насоката која сите ја посакуваме. Тие тоа го заслужуваат. Тоа го заслужува Струмичкиот карневал“ - истакна градоначалникот Јаневски.

Од името на карневалџиите, клучот го прими Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на карневалот, кој пак на градоначалникот Јаневски му подари капа од Федерацијата на европските карневалски градови.

Во името на сите карневалџии се обврзуваме дека ќе направиме се, Струмица да го зачува своето реноме кое што тешко го стекна и дека ќе понудиме уште едно извонредно изданиена Струмичкиот карневал“ - рече Цицимов, заблагодарувајќи се за предадениот клуч од градоначалникот Јаневски.

  

 

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАГРАДИ

IZVESTAJ ZA NAGRADIi

 

 

stopanska

grafoservis

akzent

sirius

zegin